СПОРТ

Играчи над 50 години, шахистите на „Алкалоид“ петти во светот

ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сениори во категоријата на играчи над 50 години, победувајќи ја третата селекција на Англија во деветтото и последно коло со моќен резултат од 3,5 : 0,5.

Advertisements

На првенството учествуваа 22 екипи, при што повеќе од половината беа репрезентации на одредени земји. Тоа му дава посебна тежина на пласманот, но ако се додаде и тоа дека е изборен играјќи нерешено со најсилните две селекции (САД и Англија, кои на крајот соодветно ги освоија првото и второто место), задоволството е уште поголемо.

Овој пласман е, пред сѐ, резултат на извонредното залагање и на тимската борба на сите членови на екипата: велемајсторите Кирил Георгиев, Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски, Роландо Кутиров и капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.

На крајот беа доделени и медали за најуспешните играчи по табли, при што Велемајторот Трајко Недев го освои сребрениот медал на втората табла, зад Кајданов од САД, а пред Годена од Италија. Велемајсторот Кирил Георгиев и Велемајсторот Звонко Станојовски беа четвртопласирани во конкуренцијата на првата и на четвртата табла, односно малку недостигаше за да стигнат до бронза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button