МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи со Ковид-19 и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Ковид-19, со намалување од 21,8 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19 отсто, или во просек 14 отсто, што претставува намалување од два пшроцентни поени во однос на преходната недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button