ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Расте бројот на заболени од грип

Од 17 до 23 февруари годинава се пријавени 3 035 случаи на заболени од грип, што е за 11,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, кога имало 2 726 случаи, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Advertisements

Тоа значи дека за една недела бројот на регистирани случаи со грип пораснал за 309.

Во текот на истата недела, пријавен е и еден смртен случај асоциран со грип.

„Се работи за лице на возраст од 78 години од Скопје, кое било хоспитализирано на Клиниката за Пулмоалергологија, а лабораториски е потврдена Инфлуенца А. Кај него е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано против сезонски грип“, се вели во соопштението од Институтот.

Од новозаболените, 1 697 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца на возраст од пет до 14 години има 712 случаи, а 375 се деца до четири години. Над 65 години се 251 лице.

Оттаму додават и дека бројот на пријавени случаи со грип на оваа споредено со истата недела минатата година е зголемен за 3,7 пати.

Вкупниот број на случаи со грип во сезоната 2024/2025 година изнесува 17 375.

Споредено со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4 отсто, а во однос на последните 14 сезони се регистрира зголемување од 12,3 отсто.

Досега, се регистирирани три починати лица асоцирани со грип.

Според ИЈЗ, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со минатата недела, вакцинирани се вкупно 72 293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против сезонски грип.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button