ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Само еден хотел на струшко крајбрежје е приклучен на колектор

Само еден хотел на целиот потег од Струга до селото Радожда е приклучен на колекторскиот систем покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според овој извештај на колекторот не се приклучени ниту хотелско – угостителските објекти и туристичките населби од селото Пештани до Свети Наум. Последната контрола пак на Државниот инспекторат за животна средина покажува дека само седум хотели на охридско-струшката ривиера се прклучени на канализациона мрежа.

Advertisements

„Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото“, наведуваат од ИЈЗ.

И од Јавното претпријатие „Колекторски систем“ велат дека најлоша е состојбата на овој потег во струшко.

„Да, нашиот колекторски ситем почнува од Елен камен, а делот од Елен камен до Радожда тука е автокампот Ливадиште кои што си има своја засебна прочистителна станица. Нажалост, останатите објекти кои што се таму во моментов имаат септички јами и нив ги користат за фекалната вода која што ја испуштаат од објектите“, рече Владимир Алексиоски, директор на ЈП Колекторски систем.

Проблеми прават и шанковите поставени самите плажи. Сите тие се потенцијални загадувачи на езерото.Експертите велат дека потребна е целосна рехабилитација на колекторскиот систем.

„И базата за сето тоа треба да биде студијата за рехабилитација која е направена заедно со јапонската Џајка во 2015 година.Таму се е опишано и не треба ние ништо ново да откриваме.Сите проблеми се опишани. Гледам дека некои се решаваат но тоа е премалку, затоа треба да се стави таа студија на маса, да се побара политичка подршка и да се побара финансиска подршка од можни донатори“, рече Дејан Паноски експерт за води.

Анализите покажуваат дека најлоша е ситуацијата на испустот на Црн Дрим на само 20 метри од пречиститената станица, каде водата според физичко хемиските својства била од 4 класа, а според микробилошка класификација од петта класа. Но, бидејќи станува збор за Езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, квалитетот на езерската вода е од прва и втора класа.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button