МАКЕДОНИЈА
Илиевски: Четиригодишниот мандат на Димитриевски, тотален фијаско

Коалицијата „Најдоброто за Куманово“ води позитивна кампања и ја има најдобрата понуда споредено со останатите противкандидати, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски.
„Сакам да им се заблагодарам и на другите противкандидати кои водеа позитивна кампања, освен на градоначалникот во заминување, кој цело време кампањата ја водеше деструктивно, односно правеше театри и бараше изговори, со цел во недостаток на аргументи за четиригодишниот мандат бидејќи му беше тотално фијаско“, рече Илиевски.