МАКЕДОНИЈА
Илиевски: Граѓаните ги препознаа манипулациите на Димитриевски

Коалицијата „Најдоброто за Куманово“ очекува поддршка од сите граѓани бидејќи, како што кажа кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Оливер Илиевски, нивната програма била подготвувана цела година и ги опфаќа проблемите на сите граѓани на Куманово.
„Ние сметаме на нашите гласови и на сите оние кои гласаа во првиот круг против политиките на манипулации и изговори од страна на господинот Димитриевски….граѓаните ги препознаа тие манипулации од негова страна со цел да ги прикрие неделата кои ги направи во Куманово, односно не ги реализира проектите кои беа ветени“, рече Илиевски.