ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Илија Димовски: Не е спорно да се дискутира за промена на формулацијата на албанскиот јазик во уставот, но вели сегашната формулација е дел од Охридскиот договор
Илија Димовски: Не е спорно да се дискутира за промена на формулацијата на албанскиот јазик во уставот, но вели сегашната формулација е дел од Охридскиот договор

Поранешниот пратеник на Вмро-Дпмне, Илија Димовски, нагласува дека барањето на албанскиот политички фактор за промена на формулацијата на албанскиот јазик во Уставот е разбирливо, но сепак, формулацијата е дел од Охридскиот договор. Според него, за тоа прашање може да се разговара, но и македонскиот политички фактор има релевантни барања, од кои едно е реорганизација на општините Струга и Кичево.
Во врска со прашањето за Законот за употреба на јазиците, Димовски се сомнева дека Уставниот суд сака да предизвика политичка дестабилизација, и покрај тоа што законот има свои недостатоци./Алсат.мк
Суад Бајрами