ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Илјадници хектари шума се крадат, надлежните не реагираат

Илјадници хектари шума секоја година се мета на т.н шумска мафија, алармираат експертите, според кои тоа е еден од најголемите проблеми со кои Македонија се соочува во делот на екологијата.

Advertisements

„Се сечат шуми, кои што можеби и не се предвидени согласно плановите. Добивате дозвола за еден камион, а поминуваат со иста таква дозвола уште десет други камиони. И тука е спојот на корупцијата и шумската мафија.И тука се остваруваат енормни финансиски средства,кој што понатаму завршуваат во приватни џебови, но со дел се финансираат можеби и дел од политичките кампањи.Сето тоа пред избори е малку зголемено“, рече Светлана Николовска- професорка.

Во наредниот период треба да се преземат сериозни мерки за откривање на еколошките кривични дела.

„Не станува збор за некоја мала количина која може да ја скриете и да ја пренесете.Станува збор за огромна количина на дрвна маса.Тоа без корупција неможе да се направи. Тоа се камиони и камиони во прашање. Огромен габарит е, а никој да не забележи. Неможе надлежните полициски органи, инспекторатите, јавното претпријатие национални шуми, да не го забележат тој феномен на сторување на кривични дела. Значи недостасува политичка волја и целосна посветеност на надлежните органи да го решат овој проблем“, вели Марина Малиш Саздовска- професорка.

Според Саздовска, едно од можните решенија за откривање на еколошкиот криминал е формирање на посебен оддел во МВР, кој би се занимавал само со ваков вид на кривични дела.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button