Илјадници лица со децении живеат во Македонија, но немаат државјанство


Alsat
08.09.2020 19:08
Една деценија е постар од независната држава во која живее, но Дритон Шерифи од Куманово не фигурира како граѓанин на Северна Македонија. Роден во 1981 година во Куманово, тој бара државјанство со години. Но, не го добива, иако вели дека ги исполнува сите законски и уставни критериуми. Завршил училиште во Куманово и вели дека фигурира за даноци кон државата, но нема државјанство.
„Толку сум вознемирен во оваа земја што веќе не знам. Човек да нема државјанство. Бараат документи што не постојат. И да се разболам сега, не можам да одам во болница. Зошто? Затоа што немам државјанство.“
Дритон е женет, но неговите деца го носат презимето на неговата сопруга.
„Сакам да живеам со моите деца, сопругата и семејството. Работа имам, но веќе наполнив 40 години без да одам никаде. Децата го имаат презимето на жената. Сакам како и сите да заминам до Прешево или некаде да прошетам и да го видам светот. Не знам што да кажам.“
Истиот проблем го има неговиот брат Ардијан Шерифи, кој исто така неколку пати поднесувал барање за државјанство, но му било одбиено. Ова семејство е само едно од илјадниците случаи во нашата земја кои не фигурираат и не им се дава државјанство. Иако во последниот мандат Собранието донесе измени и дополнувања на Законот за државјанство за да се регистрираат фантомските лица, досега надлежните не направија ништо во таа насока. Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи вината ја префрлуваат кај недостигот на документација и застојот во правните постапки. Во меѓувреме, околу 2.000 апликации за државјанство чекаат во Агенција за национална безбедност каде треба да се пресече дали ќе добијат државјанство или не.
Adrioan Kerimi