Илјадници луѓе на протести во Турција поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Десетици илјади луѓе протестираа во Истанбул како и во 55 провинции низ Турција, откако главниот политички ривал на претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, Екрем Имамоглу, беше формално уапсен и обвинет за корупција.
Полицијата употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите, кои вееја турски знамиња и држеа проопозициски транспаренти. Како што се наведува, имало и судири меѓу полицијата и демонстрантите. Турските власти уапсија околу 340 лица, меѓу кои и девет новинари, кои известуваа за синоќешните протести..
Имамоглу и десетици други, вклучително и политичари, новинари и претприемачи, беа приведени на 19 март како дел од антикорупциска истрага. Имамоглу ги отфрли обвинувањата против него, опишувајќи ги како „незамисливи обвинувања и клевети“. Имамоглу, градоначалникот на Истанбул, се очекуваше да биде избран на гласањето на 23 март како кандидат на Републиканската народна партија за следните претседателски избори во Турција, закажани за 2028 година. Апсењето на Имамоглу се смета за политички мотивирано, меѓутоа, владата тврди дека судовите во земјата се независни институции.
Џесика Салахи