Илјадници работници и натаму со плати пониски од минималните 18.000 денари

Илјадници вработени и натаму земаат плати од околу 16 илјади денари и покрај стапувањето во сила на Законот за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари. Во овој случај најпогодени се вработените во текстилната индустрија кои пријавиле законски прекршоци. Од Државниот инспекторат за труд за Алсат велат дека нема зголемен обем на поплаки за неисплата на минималната плата, додавајќи дека се на терен и сè уште се собираат податоци.
Во меѓувреме, граѓаните се револтирани затоа што освен што некои и понатаму не ја добиваат загарантираната минимална плата од 18.000 денари, има огромни разлики во платите во јавниот сектор. За нив е неправедно платите во некои јавни претпријатија и управни одбори да достигнуваат за нас фантастични 3 илјади евра.
“Тие секогаш добиваат повеќе. Обичниот работник помалку. Работникот повеќе се изморува, а има помала плата, што да се прави, таква е државата”, граѓанин
Вицепремиерот Битиќи вели рече дека со измените во Законот за плати треба да се дефинира кое е најниско ниво на плати, а кое највисоко во јавниот сектор.
„За жал, кај нас 30 години никој не тргнал да направи такво нешто и да одлучи кои се минималните и максималните движења на платите во јавниот сектор. Да не доаѓаме во ситуации, како што рековме вчера, член на Управен совет да има повисока плата од претседателот на државата. Апсурдно е само по себе или органите кои ги контролираат институциите да имаат помали плати од оние кои треба да ги контролираат“, изјави Фатмир Битиќи- вицепремиер за економски прашања
Според Битиќи, на новиот предлог-закон за плати ќе се работи во наредните шест месеци. Платите на некои директори или членови на одбори на директори во некои од јавните претпријатија кои се под капа на државата се движат од 1.000 до 3.000 евра месечно. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми