Им пукал во грб – ФБИ со детали за убиството на двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон

Откако двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон излегле од музејот, напаѓачот се разминал со нив, а потоа им пукал во грб. Паднале на земјата, а тој се наведнал над нив и продолжил да пука. Ова се деталите од убиството на двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон што ги изнесе Федералното истражно биро (ФБИ), а пренесува „Скај њуз“.
Американските власти го истражуваат ова убиство како чин на омраза кон еврејската заедница, но и како тероризам.
ФБИ во обвинението наведува дека снимките од безбедносните камери го покажуваат убиството на Сара и Јарон Лишински.
„Елиас Родригез бил виден на видео како поминува покрај двојката откако го напуштиле музејот, а потоа им пука во грб. Откако паднале на земја, Родригез се наведнал над нив и испукал уште неколку куршуми“, се вели во соопштението од ФБИ.