МАКЕДОНИЈА

Има ли двојни аршини во судството? Дебата во „Патот кон“ на Алсат

Во емисијата „Патот кон…“ вечерва се дебатира за монтираните судски предмети и двојните аршини на судовите во различни судски постапки. Бедри Ајдари и Рамиз Даути ќе бидат поканети во студио со Адријан Керими. Во рамки на емисијата ќе се емитува и ексклузивната изјава на Агим Ислами, кој е осуден на доживотен затвор за случајот „Алфа“. Ислами наведува дека сите политички лидери му ветиле слобода бидејќи според нив тој е невин и дека нивните изјави за немешање во судството не држат. Емисијата се емитува во 22:00 часот во Алсат.

Advertisements

„Сите политичари, чии имиња не сакам да ги спомнам, ги видовте во медиумите, со своја уста докажаа дека сум невин и не треба да бидам во затвор. Истите политичари ми ветија дека ќе има решение и дека ќе бидам прогласен за невин. Имам 15 години и се уште сум во затвор. Не знам кој ја спречува мојата невиност да излезам од затвор. Ветуваат и ништо не прават. Не знам зошто”, вели Агим Ислами, осуден во случајот „Алфа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button