Има ли кај нас пијалаци од кои има труења во Хрватска?

Ја следиме состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска, а зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од нашата земја, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Оттаму велат дека доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи.
„Преку европскиот Систем за брзо известување на небезбедна храна и храна за животни – RASSF немаме добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци“, посочуваат од АХВ.
Инаку, неколку лица завршија во болница во Хрватска поради сомневање за труење со газирани пијалаци. Засега е потврдено дека само два случаи се поврзани со консумирање газирани пијалаци, еден во Загреб и еден во Риека.