Има ли лек против поскапувањето на лековите?
Има ли лек против поскапувањето на лековите?

Граѓаните трошат од илјада до 6.000 денари од својот џеб за разни лекови, од наједноставни до редовни терапии за хронични заболувања. Цените на лековите постојано одат нагоре, а Фондот за здравство покрива само мал дел од листата.
„Еве, овие ги купувам за 1.500 денари. Да, приватно ги купувам, чинат 2.000 денари, но на Косово ги купувам за 1.500 т.е. поевтино. Јас трошам 4.000-5.000 денари месечно само за лекови, а и жена ми исто. Некои се на рецепт, но малку се, повеќето ги купуваме приватно. Катастрофа. Имаме 250 евра пензии.“
„Колку трошите за лекови? Месечно трошам 2.000-3.000.“
Последното поскапување на значителен број лекови се случи во јуни и мај дури за 30%. Најмногу поскапеа аналгетиците, потоа лекарствата за висок притисок и лековите за крвта. Суплементите поскапеа за 20%. Растот на цените најмногу се почувствува по пандемијата кога некои поскапеа и за 100%. Аналгинот од 35 денари до пред 3 години сега е 70 денари, парацетамолот чинеше 12 денари, а сега е 20, кафетинот од 55 на 80 денари, витаминот Ц од 30 на 40 денари. Од Министерството за здравство не одговорија дали зголемувањето ќе продолжи и во наредниот период и дали се размислува за некакви олеснувања за пациентите.
Вјолца Ахмеди