ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Има ли потреба од нова лидерска средба – еве што вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема потреба од нова лидерска средба, со оглед на тоа што таква средба веќе се одржа во декември и на неа присутните ги изнеле своите ставови.
„Сметам дека нема потреба од лидерска средба со оглед на тоа дека ставовите веќе се познати. Лидерска средба не е институционален формат на носење конкретни решенија, туку тоа е формат на кој секој ги кажува своите политички ставови во однос на некое прашање и ние ги слушнавме“, рече Ковачевски.