ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Има ли проблеми во коалицијата со Таравари? Еве што вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христија Мицкоски не чувствува дека постојат какви било проблеми во релациите со коалицијата на Арбен Таравари. Одговарајќи на новинарско прашање денеска Мицкоски рече:
„Не, Немам такво чувство дека има. Напротив, имаме исклучително квалитетна соработка. Граѓаните да бидат сигурни, Владата е стабилна. Официјално 78 пратеници ја поддржуваат оваа Влада“, рече Мицкоски.