МАКЕДОНИЈА
Има ли во Македонија „жолти комбиња“? Еве што вели директорот на ОТА

Запрашан дали во Македонија има таканаречени жолти комбиња, со кои е можно следење на комуникациите, директорот на Оперативно техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, гостин во емисијата „360 Степени“ на Алсат, вели:
„Прво, тој тип на опрема е многу тешко да се набави. Прилично е скапа и софистицирана. Второ, подразбира голем број на лица во целиот процес. Не може да претпоставиме дека еден човек или двајца, со комбето ќе можат да направат некаков пристап до системи и да следат…сите овие приказни што периодично се појавуваат во јавноста се веројатно производ на некаква фасцинација на јавноста со сите случувања од минатото. Не само овде туку и во регионот“, вели Ангеловски.