ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Има можност за проверка на финансиските текови за продажбата на ТЦ Соравија, смета Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.
-Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, и секако дека Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и на основа на тоа да задолжи соодветни институции за спроведување на законот и да се проверат сите факти и аргументи, изјави Спасовски