ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат

Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, кој одговараше на новинарско прашање дека Комисијата за заштита од конкуренција откри картелско здружување на неколку супер маркети, односно договарање на цените на прехранбените производи и за што е поведена и прекршочна постапка. Премиерот Мицкоски истакна дека на дневна основа е во координација со Државниот пазарен инспекторат, министерот за економија и труд и  Комисијата за заштита на конкуренција и како што рече никогаш досега покриен е теренот со инспекции и јасна анализа и следење на состојбите во ланците, супер маркети, мини маркети итн.

Advertisements

-Секој оној којшто мисли дека со трикови ќе се служи има Закон и ќе сноси одговорност соодветно на законот. Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има Закон и ќе бидат одговорни пред законот. Сите оние коишто мислат дека на грбот на народот ќе се богатот, тоа ние како Влада нема да го дозволиме, рече премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button