ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Имаме помало загадување поради работењето од дома, намалената економска активност, климата…

„Временските услови зимава помогнаа да се спасиме од аерозагадувањето. Да не беа ветрот и дождот немаше да дишиме почист воздух“.

Освен ветрот, на намалувањето на емисиите на штетни гасови, влијаеше и пандемијата. Имено оваа сезона, интензитетот во сообраќајот беше намален, многу луѓе работеа од дома или беа во изолација, имаше и карантин што ја намали фреквенцијата а со самото тоа и загадувањето.

Според мерните станици, Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Кавадарци и Струмица и оваа година биле најзагадени градови, иако помалку во споредба со минатата година. Рекордот на најзагаден месец го држи ноември, а најзагадено било во Тетово. Тогаш биле измерени 418 ПМ честички 10, а нормалната граница е 50 ПМ честички 10. Во скопски Центар и Карпош, биле измерени 370 ПМ честички, а се задушувале и кумановци. Таму во ноември било измерено присуство на 374 ПМ честички . Од министерството за животна средина не дадоа објаснување зошто ноември бил пикот на загадувањето но од таму велат дека за намалување на загадувањето придонеле и мерките кои тие ги презеле.

Се пропиша обврска за донесување на Краткорочни акциски планови во периодите кога имаме високи концентрации на загадување во одредени општини, кои ќе мора да бидат одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање и да содржат конкретни задолжителни мерки кои се однесуваат на транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време и така натаму -велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Каква беше ситуацијата во другите градови не може да се направи споредба бидејќи многу мерни станици не функционираат. Не работат ниту мерните станици во Лисиче, Ректорат и мобилната во Ѓорче Петров каде загаденоста секогаш е висока. Иако Министерството ветуваше дека ќе се поправат, станиците и натаму не работат.

За екологистите, централната и локалните власти не преземаат доволно мерки за да дишиме чист воздух. Тие апелираат решенијата што ќе се преземат да бидат системски и континуирани, со постојани контроли и казни за загадувачите, наместо да чекаме добри временски услови да го растераат загадениот воздух.

Игор Стефановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button