Имаме целосна поддршка од меѓународната заедница, велат од ВЛЕН

Нашите претставници секојдневно се пречекани од меѓународните партнери, вклучувајќи ги и претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД), од каде добиваат јасна поддршка за нивната визија и платформа, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Ова покажува дека ВЛЕН е фактор на стабилност и гаранција за интеграција и развој“, се вели во денешното соопштение од коалицијата.
Со тоа, како што велат оттаму, ВЛЕН продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор.
„ВЛЕН е единствената алтернатива што гарантира искрена соработка со нашите стратешки партнери и одржлив развој на Албанците во Северна Македонија. Со ВЛЕН постои бела иднина, изградена врз правда, работа и чесност“, пишуваат од коалицијата.
Осврнувајќи се на Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочија дека таа е партијата на црното минато, проткаено со криминал, корупција и изолација.
„Клучните фигури на ДУИ веќе се на меѓународните црни листи и се прогласени за персона нон грата, што е јасен сигнал дека повеќе нема толеранција за криминал и корупција“, пишува во соопштението од ВЛЕН.