Именувањето директори во М-НАВ, Ковачевски: Не беше комична, туку професионална ситуација

По тензиите од последните денови во М-НАВ, Владата разреши двајца од тројцата директори во контролата за летање и наместо Фахрудин Хамид и Лубе Стаменковски ги предложи Милан Кораќ и Илир Мехмед. Но, вториот не ги исполни условите, принудувајќи ја извршната власт да предложи ново име за директор, тоа на Хекуран Асани. Запрашан за ова, Ковачевски рече дека новиот директор морал да има работно искуство како контролор во М-НАВ.
„Тоа не беше комична ситуација, туку професионална ситуација. Имаше повеќе кандидати предложени и разгледани од владата, по што беше избран еден од нив, но подоцна се покажа дека кандидатот требало да биде контролор, па мислам дека подоцна е донесена вистинската одлука. Не знам чиј внук е предложениот нов директор, но знам дека има 25 годишно искуство во М-НАВ“, рече Ковачевски.