ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Именувањето на генералниот секретар на Собранието и барањето за апанажа од поранешен министер, во Комисијата за избори и именувања

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која, меѓу другите точки, на дневен ред е утврдување на предлог-одлуките за именување на генерален секретар и заменик генерален секретар на Собранието.
Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски на 1 јули поднесоа оставки од функцијата.
Пратениците ќе ги разгледуваат и барањата за остварување на платата по престанокот на министерската функција во Владата.