Имери: Ќе бараме отчет за малиот број жени во Генералниот совет на ДУИ

Секретарката за родова еднаквост, Саранда Имери, поканета во „Емисија 200“, запрашана од новинарката Семра Мусаи за малиот број жени во Генералниот совет на ДУИ, каде од вкупно 37 членови само 5 се жени, рече дека во наредниот состанокот ќе бара одговори за тоа. Затоа што според неа, жените се одлични политичарки и совршени лидери.
„Тоа беше мојата прва забелешка. Ден по завршувањето на состанокот. Не знам, јас сум на мислење дека на денот кога ќе имаме состанок на потесното раководство на партијата, ќе бараме отчет од другите партиски структури, како што се шефовите на ограноците и локалните совети, како зошто толку малку беа предложени“, рече Имери.
-Зошто се случува ова, има малку жени или…?
„Не, не верувам. Жената е одличен политичар, Жената е совршен лидер. Отсекогаш сме ја правеле споредбата… Жените се додека водат куќа, ги организираат работите во домот, семејството, јас тоа го нарекувам микро држава, како мала држава. Историјата покажа дека жените биле способни за менаџирање, во која било област, дали во економијата, дали во културата и во секое поле од животот“, рече Саранда Имери, секретар за родова еднаквост. /Алсат.мк