Имиња од фашизмот во Втората светска војна не треба да се ставаат на здруженија, вели премиерот Ковачевски

Сметам дека имиња на личности од најцрниот период на Европа, фашизмот, не треба да се ставаат како имиња на здруженија, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање. Како што кажа тој, постојат личности чиишто имиња може да бидат мост помеѓу двете држави.
„Сметам дека здруженија коишто носат имиња на личности од историјата, коишто ги нарушуваат и повредуваат чувствата на Македонците, на Евреите, на Ромите, на Албанците и на сите други коишто живеат тука, коишто во историјата се означени како личности коишто се дел од најцрниот период на Европа, а тоа е фашизмот во Втората светска војна, сметам дека тоа не се личности коишто треба да бидат имиња на здруженија на граѓани…постојат имиња коишто можат да зближуваат и сите треба да инвестираме во такви имиња“, рече Ковачевски.