Имињата на замениците министри се очекува да бидат познати до крајот на неделава


Alsat
07.09.2020 17:23
Застој во изборот на заменици министри додека партиите не ги потврдат можните имиња. Премиерот Зоран Заев рече дека разговорите за ова прашање ќе завршат до крајот на неделава, но потврди дека многу кандидати ја одбиле функцијата поради платата.]
Во последно време во јавноста се отвори и дилемата за реалната потреба за функцијата заменик министер. Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Канал 5 изјави дека во многу земји функцијата заменик-министер не постои. Според него, оваа функција е уште еден товар на буџетот. На исто мислење е и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека оваа функција е луксуз.
Досега партиите не најавија можни измени во законот за евентуално укинување на функцијата заменик министер за во иднина.
Fatlume Dervishi