СПОРТФУДБАЛ

Имобиле: Создадовме многу шанси и покрај лошиот терен

Фудбалската селекција на Македонија одново ѝ зададе голем удар на моќната Италија. По болниот пораз во Палермо, по кој „аѕурите“ останаа без шанси за пласман на Светското првенство во Катар, синоќа актуелниот европски шампион освои само бод на гостувањето во Скопје (1-1).

Advertisements

Енис Барди со спектакуларен погодок од слободен удар ги „расплака“ Италијанците, кои и по натпреварот се жалеа за условите за игра и квалитетот на тревникот на арената „Тодор Проески“.

„Треба да бидеме обединети во вакви моменти, бидејќи работите не одат најдобро по нас. Создадовме многу шанси и покрај лошиот терен, но во овој период кога и да ни шутнат на гол – ривалите погодуваат. Одлично се чувствував на теренот, штета што мојот гол не можам да го прославам со победа.“, рече Имобиле.

Следен противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство е селекцијата на Малта, против која досега ја забележавме единствената победа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button