СВЕТ
Индија, Мексико, Норвешка, Ирска и Кенија влегоа во Советот за безбедност на ОН





Индија, Мексико, Норвешка, Ирска и Кенија се петте држави што вчера се приклучија кон Советот за безбедност на Обединетите нации, како непостојани членки.
Наведените земји учествуваа на првиот состанок со цел да го одобрат дневниот ред предложен од Тунис, сегашен претседавач со Советот за безбедност на ООН.
Петте земји ќе бидат непостојани членки на Советот за безбедност во следните две години.
Право на вето имаат постојаните членки: САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија.