
Индија денеска регистрира 4 329 нови смртни случаи како последица од коронавирусот, што е најголем број жртви во еден ден од почетокот на пандемијата.
Втор ден по ред, бројот на новозаболени е помал од 300 000, но вкупниот број случаи на коронавирусот во Индија веќе надмина 25 милиони.
Американските медиуми јавуваат дека заразата досега однесе речиси 280 000 животи во Индија.