ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Индиската мутација на КОВИД-19 потврдена во три нови случаи во Македонија

Три нови случаи со „делта“ видот на корона вирусот се потврдени во земјава. Еден од случаите е четириесет и тригодишен велешанец кој е хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница и е во стабилна состојба.

Advertisements

Болница Велес: „Пациентот се вратил од Англија пред две недели, а беше хоспитализиран пред седум дена во нашата болница. Пациентот има полесна клиничка слика и не е на кислородна поддршка.“

Двата други случаи ги пријавија од клиниката „Жан Митрев“. Станува збор за наши државјани кои не биле во странство.

Клиника „Жан Митрев“: „Во лабораторијата на клиниката „Жан Митрев“ вчера беа потврдени двајца пациенти позитивни на сојот делта на вирусот со што и официјално е потврдено дека оваа мутација се шири во нашата земја.“

Според здравствените власти, ниту еден од заболените не биле вакцинирани. Министерот додаде дека и покрај сè, епидемиолошката состојба во моментов кај нас е стабилна.

Потврдите за новите случаи со мутацијата од Индија доаѓаат само еден ден откако Комисијата за заразни болести одлучи да не се препорачуваат рестриктивни мерки за заштита од овој сој. Делта мутацијата е веќе присутна во повеќе од 100 земји низ светот.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button