ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Индустриската улица во Куманово е заборавена од градоначалникот Максим Димитриевски, кој го завршува својот втор мандат, но без да го исполни ова ветување

Индустриската улица во Куманово е заборавена од градоначалникот Максим Димитриевски, кој го завршува својот втор мандат, но без да го исполни ова ветување

Ова е ситуацијата со која се соочуваат сопствениците и работниците на десетици компании на Индустриската улица во Куманово.

Advertisements

Големи дупки, постојано оштетени возила и никакви преземени мерки – речиси никогаш.

Бизнисмените велат дека властите ги заборавиле, и покрај тоа што компаниите лоцирани во оваа индустриска зона имаат голем придонес во економијата на земјата. Состојбата на патот е непроменета веќе две децении.

Тука-таму се фрла по некоја лопата бетон, но тоа служи само како закрпување и се случува само пред избори, велат тие.

„Оваа улица се нарекува индустриска зона, тука работат многу компании. Овој пат е оставен од поранешна Југославија, колку сакаш дупки, нула одржување. За разлика од другата страна – кога велам ‘другата страна’, разберете каде живее елитата – таму сè се менува, само функциите им се ротираат и сè им е возможно. А за нас, ако некоја милостина ни дадат, тоа е само кога им треба глас. Еве ја дупката – ако пројде некое поскапо возило, таму остава гума, можеби и диск. Овие неколку лопати ги фрлаат во време на избори, само да им ги замачкаат очите на луѓето. После избори ги вадат лопатите, а што не е снимено – тоа со години останува исто“, рече еден граѓанин

Бизнисмените велат дека покрај штетите на нивните возила, се ставени во незгодна ситуација секогаш кога ги посетуваат нивните европски партнери со кои соработуваат.

„Голем проблем е, секој ден минуваме од тука, има огромни дупки. Наместо да се асфалтира – бидејќи ова е индустриска зона – општината не презема ништо…“, додаде друг.

За време на изборните кампањи – веќе во два мандати – актуелниот градоначалник на Куманово, Димитриевски, ветуваше реновирање на овој пат, дури и за време на средби со бизнисмените во овој дел. Но досега, тоа ветување не е реализирано.

Во програмата на Димитриевски, на страниците 20–21 се истакнуваат неколку приоритетни проекти, меѓу кои се вклучени и инфраструктурни инвестиции во локалните патишта, патиштата од центарот и оние што го поврзуваат градот со околните села.

Побаравме став од Општина Куманово – зошто овој пат не е направен и зошто не се инвестира како што беше ветено. Не добивме одговор. Општинските служби за медиумски комуникации не одговорија на нашите прашања./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button