ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Индустриското производство во декември во негатива од речиси 5%

Индустриското производство е во негатива од речиси пет отсто. Дека состојбата со индустријата не е заздравена од пандемијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои, во декември лани во однос на истиот период 2020 година, најголем проблем имала преработувачката индустрија која забележала минус од 9,1 отсто.

Advertisements

„Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат пред сѐ на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, текстил, облека, основни фармацевтски производи и препарати, метали… и производство на моторни возила, приколки и полуприколки“, наведуваат од Државниот завод за статистика.

Но, властите тврдат дека состојбата во стопанството во земјава се нормализира. Поголемиот дел од бизнисмените пак, сметаат дека економијата е далеку од онаа во 2019 година пред пандемијата. Лошите резултати ги потврдија и државните статистичари кои денеска објавија и намалување на бројот на работници за над 3%.

Најмногу опаднал бројот на работници во рударството за над 6%, а за над 3% во преработувачката индустрија. Пад на бројот на работен кадар има во секторот снабдување со електрична енергија, од над еден отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button