ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Индустриското производство во јули зголемено за 3.8 отсто на годишно ниво

Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули минатата година е зголемено за 3.8 отсто,  додека во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е намалено за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Advertisements

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 14.9  проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,1  процент.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button