Инфективна преполна со ковид-пациенти, се вклучува монтажната болница

Капацитетот на болниците е значително намален бидејќи во последниве пет дена во земјава дневно има по над 300 нови случаи. Ако бројот на заразени остане висок и во следните денови ќе биде ставена во функција монтажната болница во дворот на Клиниката за инфективни болести. Во неа има 70 легла, број близу до слободните кревети во болниците до пред неколку дена. Сè уште не е познато дали на време ќе заврши изградбата на уште 19 монтажни болници кои беа најавени за 16 општини во земјава. Министерството за здравство нема конкретен одговор, но уште еднаш ја потенцираат причината која тие ја наведуваат како виновна за таквата состојба.
Министерство за здравство
„Сите постапки за кои е одговорно Министерството за здравство се завршени, а сега е ред Светска банка да ги финализира процедурите за изградба на болниците и буџетот што доаѓа од нив. Доцнењето беше предизвикано затоа што поранешната заменик-министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, не сакаше да го потпише заемот.“
Директорката на инфективната клиника тврди дека и покрај зголемувањето на работата, медицинскиот персонал е добро организиран дури и ако продолжи трендот на раст на нови заболени.
Сепак, системот за ротација не е доволен за да ги исполни потребите на болницата во Струмица. Директорот на оваа болница, Наќе Гогов побара дополнителни болнички капацитети, простор и персонал. Двајца лекари, три медицински сестри и двајца администратори во оваа болница се заразени. Инаку, слободни места нема ниту во болниците во Прилеп и Куманово.
Evi Shkopi