ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инфлација: За потрошувачката кошника потребни се три минимални плати

Повеќе од три минимални плати се неопходни за едно четиричлено семејство да може да ги покрие трошоците за потрошувачката кошничка која достигна над 51 илјада денари. Граѓаните кои беа анкетирани од Алсат велат дека нивната кошничка сега е преполовена поради економската криза.

Advertisements

Останатите граѓани, особено пензионерите, велат дека се обидуваат да се прилагодат на моменталната состојба предизвикана од економската криза.

Државниот завод за статистика соопшти дека од октомври лани до истиот месец годинава, трошоците за храна се зголемени за 31,2 отсто. Но, и покрај официјалните податоци, граѓаните велат дека цените на основните прехранбени производи се за 100 отсто повисоки.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button