ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Инфлацијата ќе падне под 10% до крајот на годинава

Нивото на инфлација според експертите до крајот на годинава ќе падне под 10 отсто. Иако има услови за подрастично намалување на крајните производи, во Македонија тоа не се случува, а познавачите не се оптимисти дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Освен за инфлацијата во вечерашниот Економски магазин се опфатија и теми поврзани со недостатокот на работен кадар, и за нарушената ликвидност во која се наоѓа стопанството.
„Ќе имаме стабилизација на инфлацијата, иако цените ќе останат на едно повисоко ниво во однос на оние цени кои што сме ги гледале пред оваа криза“, рече Благица Петрески, Фајнанс Тинк.