ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инфлацијата во јуни 4,5 проценти, зголемување од 3,7 проценти и кај цените на мало

Трошоците на живот во јуни се зголемени за 4,5 проценти на годишно ниво, а цените на мало за 3,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Advertisements

Во однос на мај инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот изнесува 0,8 проценти.

Повисоката инфлација на месечно ниво е резултат на зголемувањето на трошоците на животот кај Транспортот за 2,9 проценти, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 процент, Разновидни стоки и услуги за 0,9 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 проценти, Ресторани и хотели за 0,5 прценти, Здравје за 0,3 проценти, Комуникации, Облека и обувки за 0,2 проценти и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.

Кај цените на мало во јуни се бележи зголемување од 1,1 процент на месечно ниво.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button