
Минимален раст на инфлацијата во мај во однос на претходниот месец. Според статистиката минатиот месец изнесува 4,5 проценти во однос на истиот месец претходната година.
Поголем раст е забележан кај цените на мало. Тука зголемувањето е 5 отсто.
За една година најголемо зголемување на цените има кај овошјето за 22 отсто, потоа шеќерот, чоколадите, медот, кај зеленчукот, млекото, сирењето, јајцата, лебот и житата.
Скок на цената од 5,6 отсто има и кај алкохолот и тутунот, кај облеката и обувките, мебел, покуќнина, но и кај здравствените услуги.
Транспортот поскапел за 10,3 проценти, ресторанските и хотелските услуги 8,5 отсто.
Според надлежните институции цените во следниот периот ќе бидат стабилни без поголеми скокови, но предупредуваат дека и натаму постојат инфлаторни ризици поради глобалните случувања.
За разлика од кај нас цените во европските земји многу побрзо реагираат на промените и се поблиску до реалната состојба.