ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Информацијата за спорниот мазут пролонгирана за наредна недела

Владата одлучи да ја пролонгира истрагата за спорниот мазут. Две недели, по рокот кој самите си го поставија, од Владата велат дека одлучиле подетално да анализираат каков мазут влегува во земјава. Сепак, неправилности биле утврдени. Во отпадното масло, кое било увезено како мазут, откриени се високи параметри на вода и пепел иако нивото на сулфур не ги надминувал границите.

„Секој еден ќе сноси одговорност за тоа што го правел, без разлика кој и да е. дали е тоа царинската управа, пазарниот инспекторат, инспекторатот за животна средина, дали е тоа министерство, било кој еден чините, секако и самите компании коишто тоа го увезувале“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Според информации на Алсат, најмногу неправилности кај спорниот мазут утврдил Државниот пазарен инспекторат. Но, оттаму велат дека контролите уште траат, а за случајов само Владата давала информации.

На вчерашната владина седница институциите добија обврска да направат анализа за тоа каков мазут влегувал во земјава изминатите 10 години. Ќе се проверат сите компании кои една декада увезувале мазут, односно ланецот на сите добавувачи и увозници. Отпадното масло увезено како мазут се горело во болници и државни институции, но и во погоните на велешката фирма „БРАКО“ и во поранешна „ФЕНИ“, а сегашна „ЕУРОНИКТЕЛ“ во Кавадарци. Владата најавува завршница на истрагата со посочување на одговорните институции за наредната недела.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button