ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Инфраструктурата не е единствениот проблем на општините

Општините во иднина, покрај проблемите со кои се соочуваат во моментов, ќе се соочат и со недостиг на кадар. Борче Треновски, професор на Економскиот факултет, вели за да има задоволни граѓани, квалитетни услуги и достапност до граѓаните во вистинско време, општините треба да имаат добри финансии, финансиска дисциплина и да имаат квалитетен кадар. Тој додаде дека општините со најниски приходи по жител имаат послаби капацитети во сите сегменти.

Advertisements

Првиот човек на државната ревизија Максим Ацевски рече дека општините треба да преземат дополнителни мерки и активности за зголемување на квалитетот на услугите во областа на урбанистичкото планирање, заштитата на животната средина, здравствената заштита и во областите во кои единиците на локалната самоуправа имаат надлежности. Тој рече дека на општините им требаат поголем број инспектори.

Ова се заклучоците од истражувањето „Сопствени приходи на општините за обезбедување квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемијата“ што го спроведе Државната ревизија во соработка со Фондацијата за демократија „Вестминстер“.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button