СПОРТ

Ингебригсен го урна светскиот рекорд стар 24 години

Двојниот светски првак на 5.000 метри и олимписки шампион на 1.500 метри, Јакоб Ингебигсен постави нов светски рекорд на 2.000 метри на митингот во Дијамантската лига во Брисел.

Advertisements

Ингебригсен го урна светскиот рекорд стар 24 години, уште од 1999 година кој го држеше Хишам Ел Геруи, трчајќи 1,6 секунди побрзо, па сега новото најдобро време е 4:43,13 минути.

Оваа дисциплина на 2.000 метри не е олимписка, ниту често се трча, но во Дијамантската лига ја има, па Ингебригсен потврди уште еднаш дека е доминантен на овие средни делници во „кралицата на спортовите“./Sport1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button