Иницијативата „Книги и настава мора да има“ инсистира на тоа дека родово чувствителното образование треба да се отстрани од наставната програма за основно образование или да биде изборно

Укинувањето на родово чувствително образование во основното образование продолжува да биде едно од главните барања на Граѓанската иницијатива „Книги и настава мора да има“. Социологот Али Пајазити оценува дека предметот родово чувствителна еднаквост треба да им се предава на децата, но треба да се внимава на контекстот или содржината соодветна на нивната возраст и околина. Според Пајазити, акцентот треба да се стави на родовата еднаквост и надминување на стереотипите: „јак“ – „мек“ или „посесивен“ – „поседуван“. Според него, патријархатот мора да се надмине, афирмирајќи ја „дневната женственост“, но секогаш имајќи ги предвид вродените машко – женски разлики.
„Социолошки, учењето за категории како „неконвенционална сексуалност“, ЛГБТ, „родител 1“, „родител 2“ на млада возраст создава магла во психологијата и менталното здравје на децата од пониско одделение и во контекст на нашето општество кое е конзервативно и традиционалистичко. Средното училиште или универзитетот се посоодветни нивоа за вакви теми. Според „Le Figaro“, француските републиканци го опишале амандманот за „родители 1 и 2“ како „нешто што не одговара на реалноста“, кога се знае дека 95% од француските правни заедници се составени од машко – женски парови.
Драгана Спасевкса од Граѓанската иницијатива „Книги и настава мора да има“ рече дека родово чувствителното образование во основното образование треба да биде изборно, а не наметнато.
Пред неколку дена, собраниската Комисија за политички систем ја отфрли иницијативата за референдум за промени во образованието. Иницијативата беше одбиена затоа што не беше целосна и немаше соодветни потписи. За да се обнови истата иницијатива, од „Книги и настава мора да има“, најави собирање потписи на 25, 26 и 27 мај во Скопје и Битола, додека во среда, 26 мај, најавија нови протести во сите градови низ земјава.
Melihte Rustemi