ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Иницијативата за сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз пред Уставен суд

Иницијативата за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование, поточно член 41-а е на дневен ред на денешната 35. седница на Уставниот суд.
Подносителот на иницијативата Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови.
Дополнително оспорен е и членот со кој се овозможува бесплатен јавен превоз само на учениците чиешто живеалиште е оддалечено од училиштето над 2,5 километри.