ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иницијативата „Збогум за Буково“, бара итно затворање на депонијата

Дваесетттина граѓански организации и пет месни заедници, организирани во граѓанската иницијатива „Збогум Буково“, со писмо до надлежните институции, бараат итно решавање на проблемот со нестандардните депонии Буково и Мауцкер, каде Охрид го депонира сопствениот отпад. Депонијата требаше да биде затворена најдоцна до 2020 година.

Advertisements

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „Збогум за Буково“:

1.Општина Охрид и општините од Југозападниот плански регион најитно да се договорат и да се вклучат во регионалниот систем за управување со отпад – да се надминат сите административни бариери и да се отвори регионалната депонија во Новаци, со цел да се заштити здравјето на над 50.000 граѓани на Општината.

2.Итно да се покрие целото урбано и рурално подрачје со садови за целосна селекција на хартија, пластика, стакло и други корисни суровини,кои би ја намалиле запаливоста на депонијата.

3,Да се изврши затворање и ремедијација на депонијата Буково од страна на искусни и докажани оператори во оваа област.

„Групацијата Збогум за Буково, бара најургентно од сите државни органи, министерства и локални самоуправи од целиот југозападен регион, да седнат на маса и да се договорат бидејки ситуацијата е ургентна веќе неколку години. Депонијата го труе целиот охридски регион како и дел од селата во Ресен“, рече Ѓоко Зороски, екологист.

„Во наредниот број очекуваме зголемување на бројот на подржувачи на оваа иницијатива се до конечниот резултат, односно затворање на депонијата Буково, заедно со депонијата Мауцкер.Овој ден го сметаме како ден на еколошка револуција, кога ќе се стави крај на овие депонии“, рече Горан Анѓелоски, жител на Куратица.

Во моментов велат ситуацијата со депонијата е загрижувачка. Чадот, кој содржи канцерогени материи по природен пат стигнува во градот и околните населби. Досега сите рокови кои беа поставени за затворање на депонијата се пробија. Од општина Охрид став најавија за наредната недела. За сега нема ништо ниту од изградбата на регионална депонија за Југозападниот и Пелагонискиот регион која треба да се гради во Општина Новаци, кај Битола.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button