ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инспекторатот издаде 12 решенија за прекин на работа

Инспекторатот издаде 12 решенија за прекин на работа

Државниот инспекторат за труд изврши над 100 контроли на терен за да види дали се почитуваат препораките за заштита од високи температури.

Advertisements

Најголем дел од контролите се извршени во градежната индустрија, а останатите во секторите прехранбена, металургија, текстил, снабдување со електрична енергија, земјоделство и трговија на отворено.

Трудовиот инспекторат веќе има издадено 40 решенија со наредба за почитување на препораките против горештините, и 12 решенија за прекин на работа поради директно изложување на работниците на сонце од 11 до 17 часот.Трудовиот инспекторат апелира работодавачите да ги почитуваат препораките во спротивно ќе се соочат со мерки за запирање на вршењето на дејноста.

Горештините со високи температури околу 40 степени ќе продолжат и оваа недела, предупредуваат синоптичарите. На предлог на Министерството за здравство, Владата одлучи препораките за заштита од високите температури да важат до 27 јули и ранливите групи граѓани и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа./Alsat.mk

Мелихате  Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button