Инспекторатот за употреба на јазиците, доцнат платите на вработените
Инспекторатот за употреба на јазиците, доцнат платите на вработените

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците, вчера ја добија платата од декември, по хаосот создаден со измените на Законот за инспекциски надзор на 25 декември минатата година кога инспекторатите го загубија својството на правно лице.
Директорот на Инспекторатот, Арсим Идризи, во мејл комуникација со новинарот на Алсат, наместо да одговори на прашањето која е причината што вработените во Инспекторатот веќе два месеци немаат добиено плата, тој арогантно вели дека не знае кој е интересот на медиумите и новинарите за ова прашање. Идризи дури и замолува да не го вознемируваме со вакви прашања бидејќи нема да одговори, затоа што имал и други, поважни работи.
За потсетување на Идризи, Инспекторатот не е приватна компанија или лична сопственост, а тој како директор е должен да одговара на сите прашања на новинарите, без да ги коментира нивните намери и причини. Транспарентноста на институциите е една од основните вредности и обврски на носителите на јавни функции, кои се платени од даноците на граѓаните.
Но, тоа не е сè. Доколку се погледне официјалната комуникација на Идризи, може да се заклучи дека тој има недостаток на познавање на правописните правила.
Вака изгледа одговорот на Идризи доколку се прочита онака како што го напишал:
Ако натпис со вакви грешки би бил поставен во некоја институција, каква би била реакцијата на директорот на Инспекторатот за спроведување на јазиците?