Инспектори во контрола на трговците дали цените се објавени на веб страни
Инспектори во контрола на трговците дали цените се објавени на веб страни

Откако стапи на сила новата владина мерка за објавување на цените јавно на производите на своите веб страни, кај дел од трговците се откриени серија забелешки и неправилности, додека дел аптеките не ја почитуваат оваа одлука, односно тие воопшто немаат веб страни.
Од здружението на приватни аптеки велат дека аптеките не се обични трговци, туку здравствени установи и како што велат тие треба да издаваат лекови по пропишаната терапаија, а не да вршат трговија.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека контролите ќе се одвиваат во неколку фази.
„До петок Државниот пазарен инспекторат ќе ги контролира веб страните на трговците. Од идната недела ќе започне втората фаза на контрола каде што ќе се контролира, дали цените на веб страниците се совпаѓаат со цените во маркетите, аптеките, продавниците за бела техника. До сега откриени се серија забелешки кај трговците за кои се дадени опомени и треба истите да ги корегираат во најкраток можен рок“, велат од Државен пазарен инспекторат.
Од Владата велат дека има 10 тимови на иснпектори кои вршат контроли.
„Формирани се 10 тима на цела територија, ќе се направи контрола и мониторинг која ќе има за цел да ја утврди состојбата, согласно обврските кои произлегуваат од измените на Законот за заштита на потрошувачи и се надеваме на соодветно почитување на предвидените мерки. По констатирањето на состојбата, ќе се преземат сите мерки што се согласно Законот“, велат од Влада.
Најпрво тие што нема да го почитуваат законот ќе добиваат опомени, а потоа казни и до 10 илјади евра.
Владината мерка за објавување на цените на производите започна да се спроведува во петокот таа предвидува сите трговци кои имаат над 10 вработени, односно, маркетите, аптеките, салоните за мебел и продавниците за бела техника да ги објават цените на производите на своите веб страни секојдневно и истите да ги ажурираат, доколку се променети.
Сите граѓани кои што ќе откријат неправилности, или одредена цена да ја има на веб страната, а друга во маркетот, имаат можност да пријават во Државниот пазарен инспекторат./Алсат.мк
Ангел Димовски