ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инспекторите на терен, пекарите не произведуваат леб

Инспекторите излегоа на терен за да проверат дали одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот се спроведува. Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), велат дека само ќе проверат дали се почитува цената од 33 денари и дали истиот леб тежи 450 грама. Но, немаат надлежност да проверат каде недостига снабдувањето со основниот производ. Велат дека во зависност од тоа што ќе се утврди на терен ќе се донесе одлука како ќе се постапи, и дали ќе има казни за оние кои нема да ја почитуваат одлуката.

Advertisements

„Утрово над 150 инспектори беа на терен и извршија увид во маркети и пекари. Проверија дали се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб и дали се продава за 33 денари. Инспекторите ќе проверуваат и кои маркети немаат добиено леб поради заканите што ги најавуваат производителите дека нема да обезбедат бел и полубел леб доколку Владата ја замрзне цената“, наведуваат од ДПИ.

Претставниците на пекарската индустрија тврдат дека ќе ја почитуваат одлуката што ја донеле во понеделникот, дека нема да произведуваат и да ги снабдуваат со бел и полубел леб продавниците. Велат дека оваа одлука ќе ја почитуваат се додека трае замрзнувањето, поточно до 31 мај.

„Пекарите само ја почитуваат нивната одлука. Решението е донесено во понеделник и нема промена на одлуката. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците на маркетите значи дека пекарите ја почитуваат нивната одлука што стапи на сила синоќа, и не сме ние виновни за оваа ситуација“, рекоа од Секторот на пекари во Стопанската комора.

Министерот за економија Крешник Бектеши, замрзнувањето на цената го оправда со анализите што го направиле во соработка со Државниот пазарен инспекторат и неколку пекари. Според нивната математика, појаснуваат од Бекташи, брашното, квасецот, солта и адитивите чинат 9,5 денари, енергијата и работната сила 5,7 денари, транспортот и пакувањето 6 денари и вкупната производна цена е 21,2 денари. Оваа цена се додава на добивката на пекарите која е 6 денари. Кога се појавуваат на пазари маржата од 5% и 5% ДДВ се додаваат на цената од 27,2 денари. Крајната цена во маркетите е 32 денари.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button