МАКЕДОНИЈА

Инспекторите најавуваат строги контроли во јавниот превоз

Контролата за почитување на новите мерки во јавниот превоз на целата територија на главниот град ќе биде во рацете на околу 20 инспектори. Во споредба со бројот на автобуси во оптек, бројот на инспектори е многукратно помал. Ова ја покренува дилемата колку тие ќе можат навремено да следат дали во автобусите има не повеќе од половина од капацитетот и дали патниците носат маски и одржуваат растојание?

Advertisements

Трајчевски вели дека треба итно да се усвојат измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, бидејќи тоа ќе им овозможи на инспекторите да санкционираат на лице место.

Од ЈСП Скопје за Алсат велат дека бројот на автобуси во оптек е доволен за да се почитуваат новите мерки, но тоа се проценува само врз основа на скенирањето на електронските патнички билети. Сепак, многу возачи со кои контактиравме велат дека голем дел од патниците се возат без билети.

„Скоро сите автобуси имаат одговорно лице кое го регулира влезот и излезот на патниците, односно што се грижи возилото да има точен број патници, како што е предвидено со мерките”, тврдат од ЈСП.

Сепак, од нашите патувања со неколку градски автобуси не забележавме лице со некаква легитимација, освен возачот. Во врска со мерката за носење заштитна маска, МВР информира дека само во последните 24 часа биле санкционирани 899 граѓани за кршење на оваа мерка.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button